Македонија

На кафе може да седнете со кого сакате и со колкумина сакате

Владата ги укинува ограничувањата за седење на две лица на една маса во угостителски објект, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство. Ваква одлука беше донесена на денешната 76-та владина седница, на којашто беа утврдени и протоколите за работата на базените и плажите.

„На седницата беше заклучено и дека Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји. Владата на Република Северна Mакедонија на оваа своја седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за ковид-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за ковид-19, и го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец“, наведено е во владиното соопштение.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Променливо облачно, вечерва дожд, од вторник и снег на планините

saso user

Дневен билтен на настани на МВР, 22.03.2019

saso user

„Антикоцкање” на стартот на изборната кампања најави блокада на автопатот Тетово-Скопје

saso user