Бизнис

Најавена соработка на Самсунг и Ел-Џи

Јужнокорејскиот конгломерат Самсунг Електроникс (Samsung) започна преговори со конкурентската компанија Ел-Џи (LG) за набавка на ЛЦД ТВ екраните, среде најавената транзиција кон производство на нова генерација на квантни екрани (QDD), јави агенцијата Јонхап.

Оваа најава за можна соработка доаѓа откако Самсунг објави дека ќе го запре производството на ЛЦД-екраните од 2021 година и ќе започне со производство и инсталирање на QDD-екрани на своите телевизори.

Економските аналитичари проценуваат дека овој деловен договор меѓу Самсунг и Ел-Џи би можел да вреди околу 850 милиони долари.

Иако овие две компании се конкурентни на светскиот пазар, претходното искуство покажа дека тие можат успешно да соработуваат бидејќи во 2017 година Самсунг купи 65 и 75-инчни екрани од компанијата Ел-Џи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ербас ги затвора дел од погоните во Шпанија

saso user

Царовска: Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП

saso user

Орхан Адеми избран за заменик на државниот ревизор

saso user