Спорт

НФЛ: Тимот од Вашингтон го менува навредливото име „Редскинс“

Тимот од Националната фудбалска лига (НФЛ) од Вашингтон денеска потврди дека ќе го смени логото и терминот „Редскинс“ од своето име, по долгогодишни реакции од домордни Индијанци и неодамна и од спонзори, кои се против употребата на навредливиот термин.

Тимот, еден од најстарите во лигата на американски фудбал, оформен е пред девет децении, не најави какво ќе биде новото име на клубот и укажа дека разгледува разни веријанти.

Одлуката за промена на името на еден од најпопуларните спортски клубови и брендови во САД дојде по бранот протести против расизмот и ксенофобијата во земјата што започна со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во мај за време на полициско задржување.

Досега, стотина американски училишта, колеџи и спортски клубови ги отфрлија имињата и маскотите кои асоцираат со симболите на домородните Индијанци или на политичари и воени лидери од времето на Конфедерецијата кои ги сметали Афорамериканците за робови.

Така на пример НФЛ клубот Канзас Сити „Чифс“, како и Атланта „Брејвс“ и Кливленд „Индијанс“ од МБЛ, главната американска бејзбол лига се некои од клубовите што ги променија своите имиња.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пропадна трансферот на Фернандеш во Манчестер Јунајтед

saso user

Падот на авионот на Сала не бил случаен, еден осомничен за неговата смрт

saso user

Тур де Франс ќе се одржи од 29 август до 20 септември

saso user