Сцена

Мистериозна смрт: Славната јутјуберка Никол починала во осмиот месец од бременоста ФОТО

Бремената Јутјуб-ѕвезда Никол Теа и нејзиниот нероден син Реин, починале под непознати околности.

На нејзиниот профил на Инстаграм објавено е дека 24-годишната Никол, која била во осмиот месец од бременоста, починала во саботата наутро.

„Ние со голема тага ги известуваме сите пријатели и обожаватели дека Никол и нејзиниот син, на кого таа и Бог му го дадоа името Реин, починаа во саботата наутро“, објавено е на Инстаграм.

Никол беше танчарка и инфлуенсерка, живееше во Лондон заедно со партнерот, а редовно ги известуваше за напредокот на својата бременост своите 123.000 обожаватели преку социјалните медиуми.

Во саботата наутро, нејзината партнер, танчарот Глобал Бога, објавил снимка од своето танцување со колевката, а минатата недела на социјалните мрежи напишал дека неговиот син пристигнува во понеделник.

Никол во едно од претходните видеа рекла дека има „добра бременост“, па нејзината смрт ги шокираше фановите.

Во соопштението на Инстаграм се вели дека семејството одлучило да ги објави сите снимки кои Никол ги снимила пред смртта.

Нејзиното последно видео се викало „Ќе влезам во када полна со млеко плус фотографии од стомакот“.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Неверојатно строга диета на Џенифер Лопез: Нејзиниот готвач откри што сѐ си забранила

saso user

Елтон Џон го платил летот на принцот Хари и Меган за Ница

saso user

Кошаркарката Едина Муса го тренира Васил Гарванлиев: До евровизија ќе биде во топ форма

saso user