Балкан

Косово воведе задолжителен тест за ковид-19 за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора

Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната видео-конференциска седница на Владата на Авдулах Хоти е одлучено дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест.

Превозниците кои влегуваат во Косово од споменатите земји немаат потреба од тестот РТ-ПЦР, но треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен превоз. И организираните превозници на патници со автобуски или меѓународни транзитни линии од тие земји не треба да приложуваат уверение за негативен тест, но треба да потпишат изјава дека се обврзуваат да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Ослободени од обврската за тестирање се и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дачиќ: Не можам да верувам дека некој ќе испрати полиција да го заземе манастирот Острог

saso user

Колинда повторно ќе се кандидира за претседателка

saso user

Рекорден број на новозаразени во Албанија, десет починати во Косово

saso user