Свет

Гејтс: Вакцините не треба да одат кај оние кои плаќаат најмногу

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс изјави дека лековите за ковид-19 и идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, а не кај „оние што платиле најмногу“.

– Ако само дозволиме лековите и вакцините да одат кај лицата кои имаат најмногу платено, наместо кај луѓето и местата каде што им се најпотребни, ќе има подолга и неправедно смртоносна пандемија – вели Гејтс во изјавата за „CNBC“.

– Ни требаат водачи да донесат тешки одлуки за непристрасна дистрибуција на лековите и вакцините, не само врз основа на пазарните фактори – додаде тој.

Бидејќи земјите и компаниите се натпреваруваат кој ќе започне со продажбата на вакцина, се зголемуваат стравувањата дека побогатите нации ќе добијат повеќе лекови од земјите во развој.
Исто така, имаше повици идните вакцини да се сметаат за јавни добра за сите, без профит.

Според Светската здравствена организација (СЗО), во моментот се спроведуваат клинички испитувања врз волонтери за 21 вакцина. Три од нив се во третата фаза.

Најголем напредок во овој поглед постигнаа американската компанија за биотехнологија „Moderna“, британската „AstraZeneca“ и кинеската „Sinovac Biotech“.

Сепак, „Moderna“ објави дека доцната фаза на тестовите за вакцинирање на компанијата ќе биде одложена за неколку недели.

Според Гејтс, клучен заклучок во борбата против СИДА/ХИВ пред две децении е важноста за создавање фер глобален систем на дистрибуција, така што има лек за сите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лондон: Очекуваме ширење на епидемијата на коронавирусот, ситуацијатa брзо се развива

saso user

Видеото на Шинѕо Абе со порака „седете дома“ ги налути Јапонците

saso user

Њујорк: Прв тигар во светот заразен со коронавирус

saso user