Балкан

Брнабиќ: Ќе предоложам задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба.

Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.

Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија хоспитализирани се 159 лица позитивни на новиот коронавирус.

Во Србија досега  се инфицирале 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прв политичар заразен со коронавирус во Хрватска

saso user

Свој „Рекет“ има и Црна Гора

saso user

Грција: Засилени контролите на Промахонас, се тестираат речиси сите туристи

saso user