Спорт

Сезоната за Гризман е завршена?

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман се повреди вчеравечер на натпреварот од 36. коло од лигата против Ваљадолид (1:0), објавија тамошните медиуми.

Дваесет и деветгодишниот француски фудбалер го повреди бутниот мускул и се соочува со пропуштање на двете преостанати средби во првенството на Шпанија.

Во тековната сезона, Гризман одигра 46 натпревари за Каталонците, постигна 15 голови и направи четири асистенции.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вардар остана без лиценца за Европа

saso user

Милан ја спасува кариерата на лошото момче Јовиќ

saso user

Еспањол чека казна откако ги навреди Пике, Шакира и нивниот син

saso user