Свет

Победа на Бајден и Трамп на примарните избори во Луизијана

Џо Бајден и Доналд Трамп синоќа извојуваа победа на нивните соодветни партиски примарни избори за претседателски кандидат во Луизијана.

Изборите за претседател на САД се закажани за 3 ноември.

Бајден, поранешен потпретседател, е избран за кандидат од Демократската партија. Трамп, актуелен претседател, бизнисмен на недвижности и сопственик на голф терени, на изборите ја претставува Републиканската партија.

Бајден беше еден од 14 останати кандидати демократи, додека Трамп пак се соочи со четворица републиканци соперници, но лесно ја доби номинацијата во Луизијана.

Поради пандемијата, гласањето беше одложено за неколку недели, затоа гласачите добија дополнителни денови за гласање, а имаше гласање преку пошта, со што се зголеми излезноста на изборите. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Соња Ганди се враќа на лидерската позиција во индиската Конгресна партија

saso user

Стотина мигранти навлегоа во пристаништето во Кале, а 50ина и на ферибот

saso user

Богатите нации први ќе добијат вакцина против корона, што ќе биде со остатокот на светот?

saso user