Македонија

Независните пратеници за најновата „бомба“: Објавени се само исечоци, разговорот со Мицкоски траеше подолго

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди јавното објавување на аудио снимките на кои се слуша како Христијан Мицкоски ги убедува независните пратеници дека не е добро да гласаат за Законот за Јавно обвинителство.

„Го осудуваме ваквиот нечесен пристап кон нас, снимање и јавно објавување на разговори кои се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, која се одржа во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собрание, и на истата беше присутен и тој. Бараме од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции“, се вели во соопштението.

Во однос на снимките, посочуваат независните пратеници, појаснуваме дека на „Јутуб“ се објавени само исечоци од по неколку секунди, а пак средбата и разговорот со господинот Мицкоски траеше подолго.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тимоние: Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на заслуги

saso user

Папата ќе одржи литургија во Скопје

saso user

Во Скопје, Куманово и во Велес 23 кривични за непочитување на полицискиот час

saso user