Балкан

Додик: Не може да се фаворизира една вистина за Сребреница

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ денеска изјави дека Сребреница е место во кое „не може да се фаворизира една вистина, туку истата мора да се гради на факти, а не на шпекулации“.

Тој зборувајќи за намерата со закон да се казнува негирањето на геноцидот над Бошњаците во Сребреница, рече дека тоа е „сомнителна вистина“ и оти вистината мора да биде егзактна и прифатена од сите.

– Ние кажуваме и е точно дека во Сребреница е извршено сериозно злосторство и дека сериозно настрадаа Бошњаците, но не е тоа што тие го кажуваат. Таму страдаа и Србите – истакна Додик.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница е извршен геноцид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Членови на Рубикон со бои ја нападнаа резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина

saso user

Ковид-19 со нов рекорд во Албанија, опозицијата обвинува за криење на бројките

saso user

Стрикото ѝ го убил мажот, кој со години ја тепал, ужас во Србија

saso user