Свет

Во Русија повторно протести поради апсење на гувернер

Стотици луѓе денеска втор ден демонстрираат во Хабаровск, на рускиот далечен исток, како поддршка на гувернерот на тој регион кој е обвинет за вмешаност во неколку убиства.

Гувернерот на регионот Хабаровск, Сергеј Фургал (50), беше уапсен во четвртокот и префрлен во Москва, каде после сослушување му беше одреден притвор од два месеци.

Руските власти соопштија дека тој е осомничен за вмешаност во убиства на неколку бизнисмени во 2004 и 2005 година, пред да влезе во политиката. Тој ги негира обвинувањата.

Вчера, според различни проценки, помеѓу 10.000 и 40.000 луѓе демонстрирале во Хабаровск за поддршка на Фургал, и тоа бил еден од најголемите протестни митинзи досега во регионот. Според извештаите на медиумите, демонстрантите извикувале пароли против рускиот претседател Владимир Путин.

Регионалната администрација денеска изрази жалење поради „провокативните слогани“.

„Чувајте го здравиот разум. Ве потсетуваме дека сега секој митинг е забранет поради борбата против коронавирусот“, се наведува во соопштението на управата објавено на социјалните мрежи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Принцезата Беатрис се мажи за милионер кој ги напуштил свршеницата и синот

saso user

Ќерката на Сулејмани: Семејствата на американските војници нека очекуваат смрт на нивните деца

saso user

НАТО ја мобилизира својата научна мрежа за борба против ковид-19

saso user