Балкан

Во Албанија расте бројот на новозаразени, оздравени и на починати лица

Во Албанија продолжува сериозната состојба со Ковид-19, откако и во последното деноноќие е регистрана висока двоцифрена бројка на новозаразени и четворица починати, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Од извршените 420 тестови, позитвен резултат е добиен кај 83 од нив, со што вкупната бројка се зголеми на 3.454 лица. Високите двоцифрени бројки се присутни во период од еден месец, но во последно време се намалува старосната граница на зарзените и се побројни се млади лица, се наведува во соопштението.

Во последните 24 часа излекувани се 65 граѓани или вкупно 1.946,  додека починале четворица со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 93. Во Албанија има 1.415 активни случаи.

Во Албанија чиј капацтет е до 500 тестови дневно, до сега се звршен 32.353 тестови, а поради се посериозната состојба со опасниот вирус треба да почне со работа нова лабораторија.

Комитетот на експерти за справување со пандемијата и предложи на Владата да се воведе задолжително носење заштитна маска и парична казна за непочитување на мерката, а се размислува да се врати полицскиот за време на викенд.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Изрешетана мајката на советничката на Харадинај

saso user

Рама: Следните два дена по 13:00 часот на улица само војската, полицијата,медиумите,специјалните служби

saso user

Повеќе од 700 мигранти во БиХ во изолација поради можна зараза

saso user