Свет

Во Австралија нови 279 случаи на ковид-19

Во последните 24 часа во Австралија се потврдени 279 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 273 во државата Викторија, објави „Гардијан“.

Меѓу новите пациенти, петмина живеат во Нов Јужен Велс, а двајца од нив се ставени во карантин во хотел. Локално пренесување на вирусот е забележано во три случаи.

Во Австралија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле над 9.700 луѓе, повеќе од 100 починале, а околу 7.700 оздравеле.

Во моментов има 67 лица во болница од кои 17 пациенти се на респиратори.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Состојба со ковид-19 во светот: Скоро 7 милиони оздравени лица

saso user

Сопственик на пицерија западнал во долгови поради карантинот па го искршил целиот ресторан ВИДЕО

saso user

Белгискиот кандидат за еврокомесар Дидие Рејндерс обвинет за перење пари

saso user