Свет

Вирологот Баркли: Капките со коронавирус се заразни еден час

Британскиот виролог Венди Баркли изјави дека лабораториските испитувања покажуваат оти капките кои содржат коронавирус во воздухот можат да останат заразни еден час.

Затоа е значајно што Светската здравствена организација оваа недела го смени службениот став, признавајќи дека пренесување на коронавирусот со преку воздух сепак е можно, рече Баркли, која е вработена во Империјал колеџ во Лондон.

Што се однесува до употребата на маски за лице, Баркли рече дека нивната цел е да ги заштитат другите луѓе од заразените луѓе кои ги носат, бидејќи тие можат до одреден степен да спречат пренесување на коронавирусот преку капки, пренесува „Гардијан“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кардинал осуден поради прикривање сексуално злоставување

saso user

Француско семејство со тужба откако не доби одговор за раѓање на бебиња со малформации

saso user

Бесплатен интернет на најфреквентни локации во Битола

saso user