Спорт

Јунајтед нуди богатство за ѕвездата на Интер

Манчестер јунајтед е заинтересиран за трансфер на дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар. „Црвените ѓаволи“ веќе им испратија понуда на Италијанците во висина од 58 милиони фунти (65 милиони евра), пренесува „Goal.com“.

Шкрињар се пресели во Интер од Сампдорија летото 2017 година за 34 милиони евра. Договорот на дефанзивецот со Интер важи до 30 јуни 2023 година.
За фудбалерот се заинтересирани и Манчестер сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Оваа сезона, Шкрињар одигра 36 натпревари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЕХФ: Вардар седми фаворит за титулата во ЛШ

saso user

Канте за Реал: И Зидан да ми се јави, нема да биде важно

saso user

Фетел: Муџело заслужува да биде во Ф1

saso user