Сцена

Видео: Негативни критики за руска инфлуенсерка, откако јавноста дозна кого посетила

Инфлуенсерката Арина Шумакова предизвика бес кај луѓето што ја следат на социјалните мрежи откако за време на пандемијата со коронавирусот замина во посета на седумдесет и шестгодишна старица која целиот живот го поминала во Сибир, далеку од цивилизацијата.

Старицата, Агафија Ликова е последниот жив член на нејзиното семејство кое во 1936-та година одлучило да живее во шума бегајќи од прогонот на Сталин. Ликова таму и се родила, па нејзиното живеалиште било непознато се’ додека геолозите не го забележале случајно.

Поради тоа што ја изложила старицата на опасноста од коронавирусот, инфлуенсерката се соочи со низа критики.

Видео снимките од посетата таа ги објави на социјалните мрежи, а поради ваквото патување би можела да заврши и на суд.

Шумакова до живеалиштето на старицата допатувала со хелокоптер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Инстаграм го промовираше Reels, својот клон на ТикТок, еве како функционира (ВИДЕО)

saso user

Куршум ја погодил тинејџерката в лице, Ким Кардашијан сака да ѝ го плати лекувањето

saso user

Босанец се обидува да заработи од смртта на Шаулиќ, нуди превоз на погребот и ланч пакет за 20 евра

saso user