Спорт

УС Опен ќе се одржи и покрај мерките во Њујорк

УС Опен нормално ќе се одржи од 29 август до 13 септември, и покрај новите мерки во Њујорк, според кои сите големи настани во овој град ќе бидат забранети до септември. За да се спречи епидемијата на коронавирус, надлежните во „големото јаболко“ забранија одржување на големи собири, но тоа не важи за УС Опен, кој ќе се игра зад затворени врати.

Градоначалникот Бил де Бласио потврди како гостин на Си-Ен-Ен дека се донесени нови мерки, во обид да се спречи ширењето на инфекцијата.

– Сите големи настани се откажани до септември –  потврди Де Бласио и потоа објасни за што станува збор: „Тоа значи дека сите улични саеми, големите концерти на отворено, паради се откажани … Во овој град нема илјадници луѓе, туку стотици илјади. Едноставно не е време за тоа сега“.

Тој тогаш истакна дека тенискиот Гренд-слем ќе се одржи според редовната програма, исто како и дуелот на познатите њујоршки бејзбол тимови – Јенкис и Метс.

– Тоа ќе биде еден од настаните каде ќе има спортски активности што сите ги сакаме, но без публика. Луѓето ќе гледаат на ТВ, ќе ја одржиме традицијата, но исто како и со Јенките и Метс – бејзболот ќе се врати, тенисот ќе се врати, но нема да има публика – заклучи Де Бласио.

За прв пат во историјата, турнирот на терените на „Флешинг Медоус“ нема да биде последен Гренд слем во сезоната, а како што стојат работите сега, ниту еден член на „големата тројка“ нема да учествува во него.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Аталанта: Расистите мора да бидат изолирани од фудбалот

saso user

Осака: Не чуствувам задоволство од играта

saso user

Њукасл подготвен да плати 55 милиони евра за Имобиле

saso user