Здравје

Стариот леб е одличен за француски тост, a еве што друго можете да направите со остатоците храна

Намалувањето на отпадот од храна е всушност многу едноставно, а со неколку едноставни трикови исто така можете да заштедите и пари. Овошјето што ви потемнело или е омекнато и презреано во некои делови е исто толку хранливо како и свежото. Ако мислите дека не можете да го јадете така, можете да го исечете и да го замрзнете па да го користите за правење смуди. Покрај тоа, можете да направите и француски тост за појадок, а за ова најдобро ќе ви послужи стариот леб. Можете да го користите и за панирање, такашто од него ќе направите презли.

Кога зеленчукот ќе почне да венее и да омекнува, не го фрлајте. Иако веќе не е доволно добар за салата, секогаш можете од него да направите супа. Можете да додадете и замрзнати зачински билки во истата супа. Имено, зачинските билки можете да ги исечкате, да ги ставите во калапите за мраз и да додадете малку маслиново масло. Замрзнете ги и користете ги подоцна за разни јадења.

Авокадото започнува да скапува многу брзо, но токму таков е одличен за здрава верзија на пудинг. Ставете го во блендер со засладувач по ваш избор, додадете какао и кокосово масло. Мешајте додека не добиете мазна, свиленкаста текстура. Од презреаните банани пак секогаш можете да направите и здрав леб, попознат како „леб од банана“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Бразил над милион заразени и речиси 50.000 мртви од ковид-19

saso user

Овие растенија внесуваат здравје во домот: Секој мора да ги има

saso user

Психолозите советуваат како да разговарате со децата за коронавирусот

saso user