Спорт

Родителите на Федерер не верувале дека тој ќе успее

Роџер Федерер во моментов е најтрофејниот тенисер на светот, но патот до тука беше многу долг.

Швајцарецот изјави дека неговите родители не верувале дека тој воопшто ќе може да стане професионален тенисер.

Како што истакна за „Ди Цајт“, семејството претрпело многу поради неговата страст кон тенисот и потрошило многу пари за неговите тренинзи.

– Татко ми ми кажа дека имам точно две-три години да станам тенисер. И дека треба да се вратам веднаш на училиште ако не го сторам тоа – истакна Федерер.

Тој наскоро стана најдобар јуниор во светот и најави одлична кариера во која досега има освоено 20 Гренд-слем титули.

Роџер нема да може да го подобри тој резултат до крајот на годината, бидејќи реши да се посвети целосно на закрепнување по операцијата и да се подготви за следната натпреварувачка сезона.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Ла Република“: Роналдо нема да го доврши договорот со Јувентус

saso user

Реал ќе го послуша Зидан: Сите сили се насочени кон Пол Погба

saso user

Квалификации за ЕП 2021 во одбојка: Македонија со Данска, Турција и со БиХ

saso user