Бизнис

Привремено затворена „Мода“ – најголемата светиниколска конфекција

Менаџментот на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе одлучи привремено да престане со работа, а над сите 830 работни да  биде спроведено тестирање за присуството на корона вирусот.

Одлуката следи по порастот на бројот на заболените од Ковид 19 во Свети Николе и  препораките од Министерството за здравство и Општинскиот кризниот штаб.

Од Општинскиот кризен штаб соопштуваат дека вкупната бројка до денес на заболени од Ковид-19 во Свети Николе е 79 лица. Вчера, според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи беше 51.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Витаминка доби специјална награда за добар пример во областа на безбедност и здравје при работа

saso user

Утре почнува исплатата на пензиите

saso user

Околу два милиони евра за проекти за подобрување на соработка меѓу Северна Македонија и Косово

saso user