Бизнис

Конфекцијата „Мода“ ги затвори погоните, ќе ги чека тестовите за ковид-19 на работниците

Светиниколската фабрика „Мода“ го затвара погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски.

– Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од ковид-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи, од денес 10 јули, петок да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови – изјави Велковски.

Велковски е информиран дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица и секако спречување на ширење на заразата.

Вкупната бројка до денеска на заболени од ковид-19 во Свети Николе е 79 лица,

– И понатаму апелирам до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот – вели Велковски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фајнанс тинк: Мали се ефектите од прогресивниот данок, може да наплати голема политичка цена

saso user

Елези: Приходите од ДДВ зголемени за 18,3 отсто, се очекуваат уште подобри резултати

saso user

Трамп тужи две банки за да не објавуваат негови финансиски податоци

saso user