Бизнис

Каде завршуваат донациите за борба против ковид-19?

Монтажните контејнери кај инфективната клиника, здравствена опрема и друг здравствен инвентар е купен од донациите кои завршуваат на донаторската сметка на Министерстовот за здравство. додека пак од сметката на Солидарниот фонд се финасира поддршката на уметниците, и бизнисите погодени од коронакризата. Ова го соопштија денеска институциите како одговор на барањето на јавноста да дознае каде завршуваат парите од донациите.

Отворањето донаторски сметки стана практика во сите земји погодени од корона-кризата, а во земјава досега над 1.200 граѓани и над 130 компании донирале вкупно околу 215 милиони денари.

Според она што е соопштено денеска,  од вкупните донации собрани преку донаторската сметка на Министерството за здравство, досега се искористени пари за набавка на монтажни контејнери за потребите на модуларната болница до Клиниката за инфективни болести.

Од овие пари, исто така е завршена  и постапката за набавка на медицинска опрема за потребите на здравствените институции, која се состои од прегледни столови, држачи за инфузија, маси за исхрана, работни маси, паравани, транспортни кревети, колички со полици, опрема за докторски соби, гардеробери и сл.Од Министерството велат дека е предвидено да се набави и друга опрема за потребите на одделенијата за интензивна нега во јавните здравствени установи во земјата, како што се аспиратори на вакуум, монитори за инвазивен и неинвазивен притисок, пулсоксиметри, инфузиони пумпи, рендген апарати, РТГ мобилни апарати, ЕХО апарати, ларингоскопски уреди и друга медицинска опрема, како ранци за итна медицинска помош и целосно да се опреми Интернистичкиот пулмолошки центар за потребите на јавната здравствена установа за пулмологија.

Донираните пари од Солидарниот фонд при Генералниот секретаријат на Владата, пак, како што е соопштено, се користат за уметниците, филмските работници и другите самостојни културни работници и нивните семејства за помош во справување со кризата, како и за помош и поддршка на бизнисите кои се погодени од корона кризата.

Од институциите информираат дека  трошењето на парите од донаторските сметки на Министерството за здравство и на Солидарниот фонд е на увид на јавноста преку веб-страницата koronavirus.gov.mk. Користењето на средствата од овие донаторски сметки, исто така може да се следи и преку веб-страницата „Отворени финансии“, која јавно ги покажува податоците за реализација на трансакциите на сите буџетски корисници на Буџетот  со коишто располага Трезорот.

Сите домашни и странски физички и правни лица кои сакаат да донираат може да уплатат финансиски средства со платежна картичка на solidarnost.gov.mk, и на тој начин да се запишат во листата на донатори. Сите донации кои ќе се уплаќаат преку оваа донаторска платформа се ослободени од банкарски трошоци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Кавадарци доделени картички за зелена нафта

saso user

Димковски: Ќе бидеме тука со лозарите за откупните цени и за вишоците

saso user

Белгиска компанија воведува неограничен платен одмор за вработените

saso user