Сцена

За три недели ќе почне да се снима втор дел „Јужни ветар“ (ФОТО)

На Инстаграм профилот „juzni_vetar_2_deo“ споделена е фотографија на која се гледа дел од екипата која ќе стави потпис на вториот дел од филмот „Јужни ветар“ кој доживеа регионална популарност.

„Договорите се во тек. Уште три недели до почетокот на снимањето“, стои веднаш под фотографијата објавена на Инстаграм.

Режисерот Милош Аврамовиќ на почетокот на овој месец изјави дека екипата ја следи моменталната состојба и се надева на најдоброто, бидејќи најави дека наскоро почнува снимањето на хит филмот и серија.

Најавите беа дека е планирано снимањето за продолжетокот на филмот и серијата „Јужни ветар“ почнува во јули. И покрај новонастаната состојба и повторното воведување на мерките поради зголемениот број на заразени од корона вирус, снимањето сепак ќе се одржи.

„Крајот на јули е трминот за снимање, ќе видиме дали новонастнатата ситуација нешто ќе промени“, изјавил Аврамовиќ.

„Ние веќе снимањата ги поместивме од 22 на 28 ми јули, но сега ја следиме ситуацијата и ги правиме подготовките“, изјавил Аврамовиќ и најавил дека снимањето ќе биде на отворено.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Силувачот Козби порачува од затворот: Не се каам, а ова е мојот пентхаус

saso user

Ксенија, гинеколог и мајка на четири деца, избрана за Мис Универзум 2020 ФОТО

saso user

Клуни: Бојкотирајте ги хотелите на султанот од Брунеи поради суровите закони за хомосексуалците

saso user