Бизнис

„Дрекслмајер“: Ги почитуваме мерките против ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани

Ги преземаме сите мерки против коронавирус, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе, изјавија денеска за МИА од германската фабрика „Дрекслмајер“, по информациите дека трет работник од компанијата е позитивен на вирусот ковид-19.

– Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус дополнителни мерки за превенција и заштита. Ние дури проверуваме и дали работниците кои се во самоизолација ги почитуваат препораките, се со цел да не се движат наоколу и несакајќи да бидат ризик за другите – појаснија од фабриката со околу шест илјади вработени од повеќе општини, најголем работодавач во државата.

Оттаму нагласија дека сите од работното опкружување на работникот, трет случај позитивен на вирусот, се испратени во двонеделна самоизолација. Посочија дека просториите редовно се дезинфицираат и се носи заштитна опрема. Сите три случаи не биле поврзани меѓу себе и најверојатно се заразиле во нивното приватно опкружување.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Привршува рокот за аплицирање за субвенции за инвестиции, на располагање 20 милиони евра

saso user

МТСП: Од денес корисниците со картички може да ги подигнат правата од социјална и детска заштита, на шалтерите на банките од понеделник

saso user

Групацијата Акор се проширува на Балканот- првиот Новотел во Албанија

saso user