Бизнис

Амазон заработи казна поради Крим

САД го прогласија технолошкиот гигант Амазон виновен за кршење на санкциите поради бизнис соработка со анектираниот полуостров Крим, пишува „Москва тајмс“.

Амазон е казнет поради давање услуги и доставување производи на поединци од Крим, со што се прекршени санкциите воведени од САД, со кои им се забранува на компаниите да работат на анектираниот полуостров.

Технолошкиот гигант, исто така, е прогласен за виновен поради продажба на производи за клиенти во Иран и Сирија, извршување нарачки на луѓе кои се лоцирани или вработени во амбасадите на Кина, Иран, Северна Кореја, Судан и Сирија, како и продажба на предмети на лица под санкции на Канцеларијата за контрола на странски фондови при американското Министерство за финансии.

Амазон е вкупно казнет со 134.523 долари поради прекршоците направени од 2011 до 2018 година.

Компаниите можат да се соочат со сериозни казни поради деловни активности на полуостровот Крим, откако по неговата анексија од страна на Русија поголем дел од меѓународната заедница го прогласи таквиот чин за „нелегален“, што резултираше со воведување санкции против Русија од страна на САД, ЕУ и други западни земји, а на компаниите им беше забрането да соработуваат или инвестираат на полуостровот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

АНАЛИЗА: Членството во НАТО ќе ја „крева“, ковид-19 ќе ја „урива“ економијата – што не чека ?

saso user

Инфлацијата во Германија останува непроменета

saso user

„Ербас“ за 40 отсто ќе го намали производството

saso user