Сцена

Ќе го биде за претседател: Вест – „Вакцината против Ковид-19 нема да им дозволи на луѓето влез во рајот“

Кање Вест, американскиот рапер кој сака да се кандидира за претседател на САД, тврди дека вакцината против коронавирусот може да ги спречи луѓето да влезат во рајот, иако тој и самиот во февруари бил позитивен на Ковид-19.

Вест открива дека тогаш се чувствувал настинато и се тресел во креветот. Но, неговото искуство не му го променило мислењето за вакцината. Раперот, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на САД, смета дека потенцијалната вакцина е „знак за ѕверот, на ѓаволот, Сатаната“.

„Сакаат да стават чип во нас, сакаат да работат секакви работи. Жал ми е што велам ’тие’, тоа се луѓето кои имаат ѓавол во себе“, вели раперот.

На прашањето за лекот, Вест вели: „За се’ одлучува Бог. Мора да престанеме да работиме работи што го лутат Бог“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се разведоа пред 20 години, а сега лудо се забавуваат во карантин ФОТО

saso user

Шарлиз Терон повеќе не сака да живее со мажи: Премногу сум стара за тоа

saso user

Жељко Бебек ограбен во Загреб, објави на Фејсбук список на украдените работи ФОТО

saso user