Сцена

Шехерезад се соблече во бикини по породувањето, и гордо ги покажа стриите и вишокот килограми ФОТО

Познатата турска актерка Бергузар Корел (37) го роди второто дете неодамна, а сега ужива во летниот одмор.

Меѓутоа, славната „Шехерезад“ не се оптоварува со својот изглед по бременоста, односно по породувањет. Таа се гордее со сите стрии и целулитот кои ѝ ги „подари“ мајчинството.

Актерката сподели фотографии на кои позира во бикини, четири месеци по раѓањето на второто дете.

Убавата Бергузар се пошегувала на своја сметка за вишокот килограми по бременоста.
Во описот таа напиша порака, која наликува како да е пишувана од страна на таблоид:

„Бергузар Корел беше фотографирана во бикини. Славната актерка привлече внимание со зголемената тежина. Вишокот килограми на Бергузар не останаа незабележани. Таа не успеа да закрепне од трудничката тежина. Изненадувачки големо внимание привлече фотографијата од Бергузар поради нејзиниот целулит и зголемената тежина по породувањето.“

 

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Милан Калиниќ проговори за тепачката, па откри што би направил да може да го врати времето!

saso user

Ми плаќаше 2.000 долари за ноќ: Проститутката проговори сè што ѝ правел Хју Грант ФОТО

saso user

Том Хенкс и сопругата пуштени од болница, го победија коронавирусот

saso user