Македонија

Шекеринска потврди дека била на гости кај Боки 13 во друштво со Катица Јанева

Да, тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше, зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии, рече Радмила Шекеринска вечерва во „Само вистина на Канал 5 во врска со снимката што се појави деновиве, а за која се тврдеше дека министерката заедно со осудените Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО и Боки 13 седи во домот на Јовановски кој доби девет години затвор поради рекет.

Снимката, според Шекеринска, е пред случајот „Рекет“ да излезе во јавноста.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Светскиот пикник ќе почне со виенска шницла и со захер торта

saso user

Охриѓанка казнета со 2.000 евра, не ја почитувала мерката за самоизолација

saso user

Пендаровски го избра правниот тим: Дескоска, Силјановска, Каракамишева, Прешова, Шасивари, Шкариќ и Спасов

saso user