Спорт

Федерер: Ќе беше полесно ако се пензионирав

Роџер Федерер призна дека крајот на кариерата се приближува, но тој рече дека неговата цел засега е добро да се подготви за следната сезона.

Федерер не играше откако загуби во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ во јануари, а остатокот од сезоната ќе го пропушти поради две операции на коленото.

Швајцарецот не пропушти многу, бидејќи натпреварите беа прекинати поради пандемијата на коронавирус и треба да продолжат кон средината на август.

– Во суштина, бев загрижен само за здравјето, но сега ми недостасува чувството да играм пред полн стадион. Знам дека се приближува времето кога ќе ја завршам кариерата и мислам дека ќе ми недостига многу – рече Федерер за германски „Цајт“.

Сепак тој вели дека мора да биде трпелив и да продолжи да работи.

– Ќе беше полесно ако се пензионирав во овој момент, но сепак сакам да си дадам можност да уживам во тенисот. Ќе си дадам малку време да се вратам во добра форма – вели тој.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

У21: Северна Македонија со убедлива победа против Фарски Острови

saso user

Србија е европски одбојкарски шампион

saso user

Македонските фудбалски клубови исплатиле седум милиони евра за плати во 2018 година

saso user