Урбани вести

Се гради резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, вчера го посети градилиштето во село Издеглавје, каде се гради резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик.

Градежните работи се одвиваат според План-от.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општината.

Со реализацијата на проектот го решаваме деценискиот проблем и обезбедуваме квалитетно водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик.

Градиме по План-от!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

saso user

ЗАКЛУЧОЦИ ОД TРИБИНАТА ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО УРБАНА ЗАЕДНИЦА „СТАР ГРАД”

saso user

ОХРИД ДЕЛ ОД ТВ МАГАЗИНОТ „ПО ПАТОТ НА СВИЛАТА:ПРИЈАТЕЛСТВО“

saso user