Свет

Помпео: САД и ЕУ во разговори за повторно да се воспостават патувањата

Вашингтон и Брисел водат сложени разговори за повторно воспоставување на патувањата меѓу САД и ЕУ – изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео во телефонски брифинг за новинарите.

Тој истакна дека разговорите се во доменот на тоа како најдобро да се постапи од научен и епидемиолошки аспект за да се намали ризикот од ширење на новиот коронавирус.

Постои длабока потреба и желба да се отвори глобалната економија, луѓето да можат слободно да се качат на авион и да патуваат, за туризам или бизнис, истакна Помпео.

Тој додде дека во разговорите со ЕУ, од американска страна вклучено е Министерството за транспорт, кое планира брзо, на најсигурен и најбезбеден начин  да се воспостават взаемните патувања.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во функција тестовите за брза дијагностика на ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

saso user

За најдобро место за живот во Британија избран градот познат по труењето со страшен нервен гас

saso user

Употребата на знамето од апартхејдот во Јужна Африка се смета за говор на омраза

saso user