Свет

Курц: Не патувајте во земјите од Западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на Австрија денеска уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат таму за тестирање за ковид-19.

– Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патувања. Секојдневно имаме се повеќе случаи на заболени, чие потекло може да се поврзе со Западен Балкан – рече Курц, потенцирајќи дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување кон Западен Балкан.

Австрискиот канцелар исто така се повика на обврските на работодавците, повикувајќи ги да обезбедат усогласеност со карантинот од 14 дена по патувањето.

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на ефтините тестови за ковид-19 на дестинациите за одмор во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за ковид-19 на меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до 2020 година

saso user

Полицијата насилно го одвлекува таткото од болничкиот кревет на неговата ќерка која е пред умирање (ВИДЕО)

saso user

Страотна глетка: Семејство занемарувало 3 деца, живееле во измет со 245 животни ФОТО

saso user