Балкан

Засега мирно пред српскиот Парламент

Протестите кои се одржуваат вечерва пред српскиот Парламент засега се одвиваат мирно и без поголеми тензии.

Граѓаните за денешниот протест беа известени преку социјалните мрежи дека ќе се „протестира со седење“ за да се разликуваат од оние кои доаѓаат да предизвикаат насилство.

Просторот пред Собранието е речиси целосно исполнет и се слушаат пароли „Седи доле“. Повеќето од демонстрантите носат заштитни маски.

На собирот се присутни и лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, лидерот на Доста, Саша Радуловиќ, актерот Сергеј Трифуновиќ, претседателот на Демократската партија Зоран Лутовац и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Пред еден од влезовите на Парламентот се распоредени припадници на жандармеријата под целосна опрема за разбивање демонстранти, како и полициска коњаница. Околу целата зграда на Парламентот, како и пред Претседателството, се наоѓаат зајакнати полициски сили.

Сообраќајот е затворен во сите улици кои се наоѓаат во близина на Собранието.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант

saso user

Бугарски пратеници со скафандери на седница

saso user

Загина маж во Србија при удар од воз

saso user