Бизнис

Досега 68 медиуми поднеле барање за субвенции на придонесите

Шеесет и осум барања од медиуми се поднесени до УЈП за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените за јуни, јули и август 2020 година, соопшти Управата за јавни приходи која денеска извести колку фирми ги искористиле мерките за финансиска поддршка што се спроведуваат преку оваа институција.

Во април мерката за финасинска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од корона вирусот, ја искористиле 19.743 работодавачи со што биле опфатени 128.409 вработени, во износ од 1.792.970.895 денари, во мај се пријавиле 19.956 работодавачи со што се опфатиле 118.069 вработени, во износ од 1.646.458.185 денари. Во јуни мерката е искористена од 15.326 работодавачи, опфатени се 73.381 вработени, во износ од 1.019.290.267 денари.

Во април мерката финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност ја искористиле 5.792 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 83.984.000 денари, во мај 5.985 физички лица во износ од 86.782.500 денари и во јуни 5.838 физички лица во износ од 84.651.000 денари

Одобрени се – за април 2.531, за мај 2.463 и за јуни 2.101 барања за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредната состојба.

За ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за време на вонредната состојба, односно за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени 973 барања.

За ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за време на вонредната состојба, за месеците март, април, мај, јуни и јули одобрени се 707 барања.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќе се приложува фискална сметка за да се сторнира уплата

ohrid_user

МОТ: Над 25 милиони граѓани во светот ќе ги изгубат работните места поради Ковид-19

saso user

Во номеври се намалил бројот на работници во индустријата

saso user