Македонија

Две момчиња од Турција со чаршав од вториот кат избегале од скопски хотел-државен карантин

Двајца турски државјани на возраст од 22 и 24 години, од кои едниот бил позитивен на коронавирусот, синоќа избегале од хотел-државен карантин во Скопје со чаршав што бил врзан како импровизирано јаже – соопшти полицијата. Двете лица се осомничени од полицијата за криумчарење мигранти, но поради позитивниот тест за ковид-19 кај едниот од нив биле упатени во државен карантин.

– На 08.07.2020 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележан чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже. По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата – соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Подновени амбулантите, Ургентниот центар и чекалната на Детска клиника

saso user

ВМРО-ДПМНЕ Охрид бара веднаш од „Водовод“ да ги реши проблемите со водоснабдувањето во Лакочереј и да им овозможи на жителите непречено снабдување на вода за пиење

saso user

Ќе му докаже ли државата на УНЕСКО дека не може да го спаси Охрид?

saso user