Балкан

Владиниот план за протести и јавни собири доведе до немири во Атина (ВИДЕО)

Денеска на плоштадот во Атина каде се одржува протестен марш против владиниот план за протести и јавни собири се случило насилство и инциденти со молотови коктели, како и употреба на солзавец.

Тензиите избувнале на влезот пред Собранието откако студентите се обиделе да пристапат до полицискиот кордон, при што од МАТ одговориле со употреба на хемикалии.

Инцидентите продолжија и низ околните улици, но и покрај големото количество на солзавец, дел од демонстрантите сепак останаа пред Парламентот.

Попладнево на неколку различни локации во центарот на Атина беа организирани повеќе собири од Синдикатот на Комунистичката партија, левичарски и вонпарламентарни организации и партии, левичарско ориентирани студентски движења, членови на СИРИЗА, меѓу кои и поранешни министри и сегашни пратеници. Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент каде избија инцидентите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Борисов обвинет за перење пари со манекенка: Немам никаков имот во Барселона, не сум бил таму 15 години!

saso user

Вучиќ: На провокациите од Приштина ќе реагираме воздржано и смирено

saso user

Хорор пред дискотека во Србија, на момче му го отсекле увото

saso user