Балкан

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Српската премиерка Ана Брнабиќ порача вечерва дека Србија секогаш е отворена за мирни протести, бидејќи со тоа го покажува својот демократски капацитет, но смета дека поради епидемијата на коронавирусот ова не е време за собири.

Таа им упати порака на учесниците на мирните протести да се придржуваат кон пропишаните мерки, да носат заштитни маски и да одржуваат физичка дистанца.

– Ова не е време. Единствена и најважна борба која мораме да ја победиме е коронавирусот. Не може Владата сама, не може Владата со претседателот, туку сите заедно – нагласи српската премиерка.

Брнабиќ изрази задоволство што вечерва на протестот пред зградата на Парламентот во Белград нема хулигани.

Сепак, вечерва околу 21:30 часот на просторот меѓу Градското собрание и Претседателството на Србија одекнала експлозија од пиротехнички средства, познати под името „топовски удар„, во момент додека повеќето демонстранти веќе два и пол часа седеле и мирно протестирале пред зградата на Парламентот.

Демонстрантите тврдат дека меѓу нив има провокатори и дека повеќе пати забележале групи од млади луѓе кои чудно се однесуваат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Над 12.000 полицајци ангажирани за албанските избори в недела

saso user

Додик за изјавата на Колинда: Точно е оти БиХ е нестабилна, не мислам оти го рече тоа без врска

saso user

Во Србија утре се отвораат градинките, во Грција сите продавници, а Акропол на 18 мај

saso user