Бизнис

Берние: ЕУ да се подготви за промени, без разлика на Брегзит

Европската Комисија денеска им препорача на земјите членки на ЕУ, нивните граѓани и компании да се подготват на време за промени од први јануари 2021, без оглед на тоа дали претходно ќе се постигне договор со Обединетото Кралство, јави дописничката на МИА од Брисел.

Документот на Европската Комисија опширно ги опишува областите во кои приватните фирми, граѓаните, јавните администрации и сите клучни сектори ќе треба да се прилагодат на крајот на транзицискиот период за Брегзит на први јануари идната година.

Велика Британија и ЕУ сѐ уште не склучиле договор за идното партнерство, што значи дека сценариото за „Брегзит без договор“ останува можна опција.

Препораките на Европската Комисија имаат за цел да ги опфатат сите можни сценарија за да можат земјите членки на ЕУ да се подготват, но нагласува дека овој документ „не го прејудицира исходот од преговорите“, односно дали Брисел и Лондон ќе успеат да се договорат за тоа како ќе изгледа нивното партнерство по први јануари.

Кое и да биде сценариото и без разлика на типот на партнерство што ќе го склучат двата блока, неизбежни ќе биде некаков вид трговски бариери.

Официјално Обединетото Кралство ја напушти ЕУ на 31 јануари оваа година со единаесет месеци транзициски период за време на кој повеќето правила на ЕУ продолжуваат да важат за Британците, но без право на глас во ЕУ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Германската компанија „Гересхајмер“ ќе гради фабрика во Скопје

saso user

ТОП четири најдобри и најбрзи воазачи во историјата на автомобилизмот

saso user

„Нисан“ стави клуч на фабриката во Барселона, загубите се до милијарда евра

saso user