Урбани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на платите за 25%, просечната пензија со раст од 20% и намалување на стапката на невработеност под 10%

Зголемување на платите за 25%, просечната пензија со раст од 20% и намалување на стапката на невработеност под 10%

Почитувани,

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност во која живее секој граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква кaква што сакаме да ја имаме.

ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого. Со посветена работа и реализација на голем број проекти нашите цели се: Зголемување на платите за 25% во период од четири години; Намалување на стапката на невработеност под 10%; Домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години; и Раст на БДП од 4-5% годишно.

Владата на ВМРО се обврзува да го врати претходниот начин на усогласување на пензиите со што пензиите ќе се усогласуваат и со порастот на просечната плата. Пензиите ќе растат дополнително, при што за еден мандат просечната пензија ќе достигне раст од 20%. Со тоа ќе го вратиме достоинството на пензионерите без да ја загрозиме финансиската состојба на Фондот за пензиското и инвалидско осигурување.

Македонија ќе ги следи препораките на Европската комисија за движењата на минималната плата, а со цел да се спречи одливот на работна сила.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека поддршката за граѓаните треба да биде многу посеопфатна кога речиси сите граѓани во Македонија се економски и финансиски погодени од кризата. Во таа насока, предвидуваме:

Обезбедување дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари.

Обезбедување еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработени лица кои не добиле помош со мерката за национални платежни картички.

Обезбедување еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата.

Со овие мерки вистински ќе им помогнеме на нашите граѓани, но истовремено ќе им помогнеме на домашното стопанство и на туризмот.

На 15 јули изборот на народот е број 14 и обнова за поголема ефикасност на државата.

14 за повисоки плати и зголемени пензии.

14 за намалена невработеност.

14 за Обнова на Македонија!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ВМРО ДПМНЕ Охрид : СДСМ и Жаклина Лазаревска директно удираат со главата во ѕид за одржување на избори.

saso user

Одбележување на годишнината од прогласувањето на Национален парк Галичица

saso user

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид освежен со 11 нови искусни лица

saso user