Спорт

Хамилтон: Не барав од пилотите да клекнат

Пилотот на мерцедесот Луис Хамилтон ја коментираше постапката на тркачите во Формула 1 против расизмот, пред стартот на австриското Гран при. Четиринаесет од вкупно дваесетте тркачи клекнаа.

Сите до почетното место дојдоа во маици со натписи „Крај на расизмот“.

– На крајот на краиштата, никој не смее да биде присилен во сценарио во кое треба да клекне. Никогаш не прашав, а помалку барав некој да го стори тоа. Јас сум навистина благодарен на оние што клекнаа со мене. Мислам дека ова е сѐ уште моќна порака, но нема да го промени светот без разлика дали сте клекнале или не. Проблемот е многу поголем – истакна Хамилтон.

Тој е единствениот со темна боја на кожата од сегашните пилоти во Формула 1.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Олимпискиот оган денеска ќе биде запален во античка Олимпија

saso user

Ѓоковиќ му дофрли на навивач: Ќе дознаам кој си…! ВИДЕО

saso user

Меси по шести пат најдобар стрелец

saso user