Бизнис

УЈП: Медиумите да поднесат комплетни барања за субвенции за придонесите

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 630.

За поднесување на пресметката преземете ја новата верзија на клиентски софтвер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Цените на нафтата паѓаат поради стравот од коронавирусот

saso user

Концесионерот на „Иловица-Штука“ постави штандови, едни бараа вработување, други протестираа

saso user

Средствата за капиталните проекти во транспорт нема да се намалат, вели Сугарески.

saso user