Спорт

Суарез се искачи на третото место по бројот на голови во Барселона

Луис Суарез постигна еден го во синоќешната победа (4:1) на Барселона на гостувањето кај Виљареал во 34. коло од шампионатот на Шпанија.

За Уругваецот оваа беше 194. погодок во дресот на каталонскиот клуб со што се изедначи со Ласло Кубала на вечната листа на стрелци.
На втората позиција е Сезар Родригез со 232 гола додека лидер е сегашниот капитенот на тимот, Лионел Меси со 441 гол.

Оваа сезона, 33-годишниот Суарез има 17 голови и 12 асистенции на 30 натпревари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Алушовски: Добивме тешка група, но не се плашиме

saso user

Мареј подготвен да игра во сингл најрано по девет месеци

saso user

Зидан е нов тренер на Реал Мадрид

saso user