Здравје

Разлика меѓу симптомите на стомачен вирус и Ковид-19-

Инфекција со коронавирус кај голем број заразени лица е придружена со проблеми со стомакот. Со оглед на тоа што во летото стомачните вирусите се многу чести, многу е важно да се разликуваат симптомите кои укажуваат на инфекција со Ковид -19 од вообичаеното „настинат стомак“ или можно труење.

Д-р Срѓан Марковиќ, гастроентеролог во Клиничкиот болнички центар Звездара во Белград, вели дека не е лесно да се направи разлика, но дека постојат одредени знаци:

– Ако Ковид- 19 е причина за гастроинтестинални проблеми, најчесто се јавува зголемена температура, респираторни проблеми, замор, губење на чувството за мирис и вкус. Во случај на обичен вирусен гастроентеритис, овие придружни симптоми не постојат. Значи за разликување е важна клиничката слика, епидемиолошките податоци како и дополнителните дијагностички методи во случај на сомневање за Ковид- 19.

Досега само оние пациенти кои имаат треска, кашлица и болки во грлото се тестираат за Ковид 19. Што се однесува до проблемите со стомакот, потребно е да се чекаат резултатите од бројните истражувања за да може посигурно да се каже во кој процент на гастроинтестинални симптоми има кај луѓето заразени со вирусот корона.

– Според една студија, во која биле опфатени 206 хоспитализирани пациенти со поблага клиничка слика во Вухан, од нив 48 имале само дигестивни симптоми, 69 имале дигестивни и респираторни симптоми, а останатите 89 имале само респираторни симптоми – вели д-р Марковиќ.

– Некои студии индицираат дека некои пациенти имале дијареја и гадење пред почетокот на респираторните проблеми. Друга студија, во која беа опфатени 1.099 пациенти, укажува на тоа дека дијареја била присутна кај четири проценти од луѓето со Ковид, а повраќање во пет проценти.

Посебен предизвик за лекарите кои се специјалисти за гастроентерологија се оние кои страдаат од воспалителни заболувања на цревата.

– Пациентите со хронично воспалително заболување на цревата може да имаат дијареја која е поврзана со влошување на болеста, па специјалистот мора да биде претпазлив при поставувањето на дијагнозата – истакнува д-р Марковиќ и додава дека треба да се следат повеќе работи преку призмата на Ковида 19.

Во случај клиничката слика и епидемиолошките наоди укажуваат на ковид 19, потребно е да се направи крвна слика, седиментација, ЦРП, фибриноген, феритин, Д-димер, тест за ПСР и рендген на срцето и белите дробови.

– Доколку пациентот има само акутна дијареја, потребна е анализа на столицата – вели д-р Марковиќ.

Извор: srbijadanas.com

Фото: rtvbudva.me

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Овие 10 намирници никогаш не би смееле да ги подгревате

saso user

Со чекор во борбата против слатките

saso user

Овие знаци ви ги праќа телото еден месец пред срцев удар!

saso user