Урбани вести

Притвор за двајцата киднапeри на Италијанката​ во Охрид

Основниот суд во Охрид одреди осумдневен притвор на две лица на возраст од 19 и 20 години, осомничени дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на државјанка на Република Италија.

„Првоосомничениот, кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се оддалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода“, стои во соопштението од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по осум дена.

За двајцата постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(ФОТО) „ШВАЛЕРСКО-ШВЕРЦЕРСКИ“ ВЛЕЗ ВО ОПШТИНА ОХРИД, СОКРИВА МНОГУ НЕШТА, ДОЗНАЈТЕ!

saso user

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „МОМЧИЛО ЈОРДАНОСКИ“

saso user

Гошаревски: Во Ресен и Преспа нема до сега лица позитивни со Ковид -19, но тоа незначи дека не треба да се заштитиме, да бидеме одговорни како и досега

saso user