Балкан

Претседателот на СДП Бернардиќ поднесе оставка по поразот од коалицијата Рестарт

Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ денеска поднесе оставка по изборниот дебакл на Рестарт коалицијата на таа опозициска партија.

Бернардиќ на прес-конференција, по седницата на Претседателството на СДП, рече дека за лидер на партијата ќе бидат распишани избори и дека тој нема да се кандидира.

– До изборите, вршител на должноста претседател на СДП ќе биде Златко Комадина – рече Бернардиќ.

Според сѐ уште неофицијалните резултати од изборите, коалицијата „Рестарт“ освои 41 место во хрватскиот парламент, иако предизборните анкети укажуваа дека ќе биде релативен победник. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мицотакис обвини дека Турција ги користи мигрантите како пиони

saso user

Во Албанија 446 заразени од ковид-19, 217 излекувани, 23 починати

saso user

Курти: Таксите ќе се укинат кога Србија ќе запре со кампањата против признавањето на Косово

saso user