Сцена

Почина славниот композитор Енио Мориконе

Почина почитуваниот италијански композитор Енио Мориконе.

Мориконе почина на 92-годишна возраст, во болница во Рим, од последици од падот што се случил минатата недела, пишува италијанската „Република“.

Овој двократен добитник на Оскар беше познат по соработката со Серџо Леоне, италијанскиот режисер заслужен за создавање на жанрот „шпагети вестерн“. Во текот на својата богата кариера, Мориконе компонирал музика за над 500 филмови, меѓу кои се, „За долар повеќе“, „Добар, лош, зол“, „Беше еднаш на Дивиот запад“.
Мориконе го нарекуваа Маестро, а во 2007 година беше награден со почесен Оскар за извонредни придонеси во уметноста на филмската музика. Во 2015 година, тој освои Оскар за неговата работа на филмот на Тарантино „The Hateful Eight“.

Тој се смета за еден од највлијателните луѓе во историјата на филмската музика.

Семејниот адвокат Џорџо Асума објавил дека погребот ќе се одржи во приватност и „во согласност со понизноста која отсекогаш била главна инспирација во неговите животни дела“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џенифер Анистон откри урнебесен трик како успеала да не го истутка фустанот ФОТО

saso user

Сопругот на Северина признал на суд дека оставил чуден пакет пред домот на Милан Поповиќ

saso user

Сопругата му отстапи на Безос поголем дел од „Амазон“

saso user