Спорт

Немања Матиќ уште три години на „Олд Трафорд“

Српскиот интернационалец и некогашен играч на Бенфика и Челзи, Немања Матиќ, го продолжи договорот со неговиот клуб Манчестер Јунајтед за три години. Матиќ дресот на „црвените ѓаволи“ ќе го носи до 2023 година, откако повторно го импресионираше Оле Гунар Солскјер и се наметна во неговите тактички планови, по повредите на Скот МекТоминај и Пол Погба.

Иако се очекуваше во јануари тој да го напушти Манчестер, продолжувањето на сезоната во Премиер Лигата на Србинот позитивно му влијаеше и тој со сигурност е еден од клучните фудбалери во Манчестер Јунајтед и еден од најзаслужните за одличните настапи на тимот на норвешкиот стратег.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Барселона ќе потпише договор со Калетес на три години

saso user

Хамилтон се „товарел“ со храна за да качи килограми поради новите правила

saso user

Де Лихт: Во Ајакс се чувствував непобедливо, сега сè е поинаку

saso user