Балкан

Мобилни храмови: Градат цркви од по 20 квадрати и со камион ги носат на места по желба на нарачателот

Светислав и Горан Манчиќ од Гаџин Хан, Србија, веќе осум години од камен, гранит и челична конструкција прават цркви од по околу 20 квадратни метри, кои потоа со вилушкар ги товараат на камионска приколка и ги носат на нарачаното место.

Светсислав вели дека не очекувале дека мобилните цркви ќе станат хит и оти нивната работилница ќе има толку нарачки. Досега направиле дваесетина такви цркви. Биле поставени кај Рашка, Власотинце, Дивчибари, Маљен…

„Во Србија засега имаме 17-18. Две извезовме во Санкт Петербург, Русија, а една во малме, Шведска. За правење на една ваква црква потребни се три месеци, а живописувањето и сликањето, кои се по желба на нарачателот, трае десет до 15 дена. Секоја црква има камбана од 22 килограма и се слуша на два километра“, раскажува Светсислав за белградски „Курир“.

Цената на една таква црква била од 13.000 до 16.000 евра.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рама ги преполови платите на министрите и пратениците

saso user

Суфлаки на Халкидики и на Лефкада не е исто јадење: Ова мора да го знаете пред да летувате во Грција ФОТО

saso user

Ципрас: Честитки до Мицотакис што конечно го сфати хаосот

saso user