Спорт

Мартинез промаши пенал, Болоња со играч помалку направи пресврт на „Џузепе Меаца“

Тимот на Антонио Конте во 30 коло од Сериа А, загуби од Болоња на домашен терен со 1:2, откако екипата на Синиша Михајловиќ со неверојатен пресврт во второ полувреме успеа да ги земе сите три бода од жешкото гостување.

Интер со голот на Лукаку го отвори брзо резултатот и неговиот гол ја правеше разликата после првите 45 минути. Во второто полувреме, „нероазурите“ имаа шанса да го зголемат водството, но Лаутаро Мартинез не успеа од белата точка да реализира.

Иако по црвениот картон на гостите се чинеше дека Интер мирно ќе го доведе мечот до крај, за шест минути Болоња направи целосен пресврт и го шокираше конкурентот за освојување на Скудетото.

Интер сега го зазема третото место со 64 поени и има 11 бода заостанување зад водечкиот Јувентус.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Познати двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите

saso user

„Шверцерите“ имаа културна промоција во МНТ ВИДЕО

saso user

Мурињо незадоволен од ВАР

saso user